Живот
10. February 2016 - 9:37

Турист тврди дека снимил Јети во Шпанија

Во одморалиштето „Формигал“ на Пиринеи е придзвикана вистинска паника, откако се прошири информацијата дека во околината наводно е видено бело крзнено суштество кое наликува на познатиот Јети, објави британскиот весник „Телеграф“. 

Еден од туристите тврди дека успеал да сними необично суштество во околината на одморалиштето во североисточна Шпанија, а останатите скијачи и снолбордери сега се прашуваат дали снимката е доказ дека навистина постојат суштества од типот на Јети. 

На форумите на кои е објавено видеото се разви жестока дискусија и се изнасени различни теории за она што се гледа на снимката. 

Некои мислат дека станува збор за мечка, додека други тврдат дека е можно да се гледа војник за време на вежба во снежни услови. 

Секако, изнесена е и теорија дека некој едноставно се облекол во бел крзнен костим за да предизвика паника. 

Сопствениците на одморалиштетот ја пребарале околината и не пронашле непознато суштество. 

- Веројатно нема причина за паника, но ќе продолжиме да го надгледуваме регионот, изјави потпаролот. 

Скијачите кои го снимиле видеотот тврдат дека виделе необично суштество. 

- Мечка или Јети? Кажавме што видовме, но не не сфатија сериозно. Се обложувам дека нешто се движи во тој регион. Знам што видов, изјави скијач, која сакал да остане анонимен.