Турците, Србите, Германците и Полјаците најбројни странски туристи во земјава

Во септември годинава во земјава се евидентирани 132 999 туристи кои оствариле 262 686 ноќевања, соопшти Државниот завод .
Од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски. Од вкупно 262 686 ноќевања, 31.8 % ги оствариле домашните туристи, а 68.2 % странските.
Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.4 %, а кај странските има зголемување за 9.6%.
Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 0.9 %. Кај домашните туристи има намалување за 3.8 %, а кај странските зголемување за 7.0 %.
Најголем број од странските туристи кои ја посетиле земјава се од Турција 32 950, од Србија 8 830, од Германија 6 615 и од Полска 3 577.
МИА
Ново на Сител
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
-

Јавните претпријатија тонат во долгови и трупаат загуби
