Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори
Турција ќе прифати 15 палестински затвореници ослободени од затворите во Израел, објави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Палестинците во наредните денови ќе пристигнат во Турција.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека еден од условите на договорот за прекин на огнот во Газа предвидува дека палестинските „затвореници“ нема да останат на палестинските земји по нивното ослободување.
Тој додаде дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган дал наредба Турција да прифати дел од ослободените Палестинци.
Според Си-Ен-Ен-Турк, Ердоган наредил приемот на 15-те Палестинци на турска територија да се изврши под координација на Националната разузнавачка служба МИТ.
Палестинците ќе можат да пристигнат во Турција преку Египет. Режимот за прекин на огнот во Појасот Газа стапи на сила на 19 јануари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет