Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
Турција планира да отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии во јули, со вкупна вредност на проектот од над 400 милиони долари, објави „Хурријет дејли њуз“.
Фабриката ќе биде лоцирана во близина на градот Сивас во Централна Турција, а водечката компанија на проектот „Елин Енерџи“ (Elin Energy) планира масовното производство на чипови и соларни ќелии да започне кон крајот на 2026 година.
Претседателот на „Елин Енерџи“, Арда Јал, изјави дека целта на проектот е не само да се задоволат потребите на турската економија од полупроводници и соларни ќелии, туку и да се обезбеди одржлив извоз на овие производи, главно кон САД.
– Нашата идеја е поголемиот дел од ќелиите што ќе се произведуваат во Сивас да бидат наменети за извоз во САД…, изјави Јал, нагласувајќи дека „само за неколку години Турција ќе престане да увезува соларни ќелии и ќе стане нивен извозник“.
– Турција сè уште увезува соларни ќелии, но фабриката што ќе ја отвориме ќе покрие околу 70 проценти од нашите потреби, додаде Јал.
Ново на Сител
-
Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици
-
ОЈО поведе постапка за вчерашниот крвав инцидент во Чаир
-
Трамп не сакаше да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски