Преглед на вестите од светот
Масовни студентски и ученички протести, поддржани од наставниците и синдикатите, ја зафатија Грција.
Се протестира во повеќе од 50 градови, вклучувајќи ги Атина, Солун и Патра.
Демонстрантите реагираат на слични проблеми кои претходните денови предизвикаа немири во други европски земји, како Албанија, Франција и Италија.
Бараат подобри услови во образованието, повисоки плати и мерки против растечките трошоци за живот.
- Студирам во Атина, но доаѓам од далеку - по потекло сум од Еврос. Многу е тешко да се преживее овде; кириите се навистина високи, а становите - многу мали. Нашите родители едвај врзуваат крај со крај за да ни платат кирија, струја и сè што е потребно за живот овде.
- Како студентка, чувствувам дека за студентите во Грција иднината е мрачна. Нема работни места, нема стабилност.
- Секако дека ги поддржувам младите и ги охрабрувам да се борат за она што го сакаат, бидејќи без борба нема да постигнеме ништо.
Во Србија се уапсени повеќе лица под сомнение дека планирале насилни инциденти и немири на денот на парламентарните избори, 25 октомври.
Во координирана акција на Специјалната антитерористичка единица (САЈ), Безбедносно-информативната агенција (БИА) и обвинителството, уапсени се членови на криминална група во Нови Сад, Краљево и Земун.
На осомничените им е одреден притвор до 48 часа. Истражителите се сомневаат дека групата подготвувала насилство во Белград насочено кон поддржувачите на актуелната власт и полицијата.
Рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург се сретна со Стивен Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател, а разговараа за решавањето на конфликтот во Украина, за Иран и односите помеѓу Русија и САД.
Разговорите се одвиваа во големата царска палата.
На стартот на состанокот, Путин обајви дека американскиот државјанин Стивен Хабард , кој беше затворен во Русија, утрово е ослободен на барање на Трамп, а Витков го нарече Путин „хуманитарец“ поради одлуката да го пушти сограѓанинот дома.
74 годишниот Стивен Хабард е пензиниониран професор од Мичиген кој живел во Украина од 2014 година.
Тој беше привден од руските сили во градот Изјум во 2022 година на самот почетокот на инвазијата врз Украина, а две години подоцна руски суд го осуди на речиси седум години затвор под обвинение дека делувал како платеник на украинска страна, обвиненија кои тој и неговото семејство ги негираа.
Американскиот Стејт департмент претходно го класифицираше Хабард како лице „неправедно притворено.
Во мегувреме, Трамп ја повика Украина да склучи договор за крај на војната со Русија.
Вчера пратеникто на Трамп Виктов имаше средба со Зеленски во Осло а разговорите ги оцени како конструктивни.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
