ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември

Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно го усвои заклучокот за конечност на резултатите од првиот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, каде на 1 ноември ќе се одржи втор круг.
Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ на денешната 23. седница информираше дека истекле двата законски рока за поднесување приговори, а до Комисијата не бил поднесен ниту еден приговор.
– За јавноста би сакал да известам дека истекоа и двата рока за поднесување приговори, и оној за постапката на гласањето, кој истече вчера во 19 часот, и оној за постапката за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, кој беше до денеска во 12:30 часот. До истекувањето на овие два рока ниту еден приговор не беше поднесен до Државната изборна комисија - рече Маричиќ.
Согласно усвоениот заклучок, по гласањето одржано на 18 октомври, на кое не е избран градоначалник во првиот изборен круг, вториот круг во Брвеница ќе се одржи на 1 ноември.
Во вториот круг ќе учествуваат кандидатот под реден број 1 Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот под реден број 6 Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
