Турција ќе ги укине визите за кипарските Грци
Кипарските Грци веќе нема да имаат потреба од визи за да ја посетат Турција, согласно договорот ЕУ-Турција за либерализација на визниот режим, изјави денеска турски официјален претставник, но истакна дека тоа значи признавање на Кипар од страна на Турција.
Турската Влада објави одлука во Службен весник, според која одобрува укинување на визите за европски државјани, веднаш откако ЕУ ги укина визите за турски државјани.
Мерката е меѓу 72-та критериуми на Брисел за визна либерализација. Се очекува ЕК да предложи утре укинување на визниот режим за Турција, за да обезбеди продолжување на соработката на Анкара за примена на договорот за запирање на илегалната имиграција.
Меѓу најголемите пречки во односите меѓу Турција и ЕУ е одбивањето на Анкара да ја признае Република Кипар, членка на Унијата.
Ново на Сител
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот