Турција испрати војска и опрема во Северна Сирија
Турција испрати нови воени единици како и воена опрема во северниот дел на Сирија, јави Сириската опсерваторија за човекови права.
Невладината организација со седиште во Лондон наведува дека војниците ја преминале границата во последните 24 часа и се упатиле кон регионите јужно од Азаз, кои се под контрола на сириските курдски милиции Сили за заштита на народот, против кои Турција се бори во северниот дел на Сирија.
Сириската опсерваторија за човекови права наведува дека војската и опремата е испратена во рамките за подготовки на заеднички напади на Турција и нејзините сојузници врз Силите за заштита на народот.
Според Турција Силите за заштита на народот се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), која според Анкара е терористичка организација.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец