-->
-->
Турција доставила до САД список на Сиријци подготвени да се борат против ИД
-->
Турција доставила до САД список со имињата на 1 800 членови на сириската умерена опозиција, подготвени да се борат против групата „Исламска држава" во Сирија, пренесе агенцијата ТАСС.
Според турскиот телевизиски канал „Хабер Турк" тоа го соопштил претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган за време на разговорот со турските новинари во турската амбасада во Вашингтон.
- Ние доставивме на САД список со имињата на 1 800 луѓе, кои се наоѓаат во овој регион и се целосно подготвени да се борат против „Исламска држава". Други 600 имиња дополнително ќе обезбедиме. Дел од овие лица се Арапи, а други се сириски Туркмени. Тоа се луѓе од умерената опозиција, додаде Ердоган.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра