ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
Над 10 милиони евра ќе плати ЕСМ за набавка на струја. Количините се за 2 недели, односно до крајот на месецот, за да се задоволат во целост потребите со електрична енергија. Парите ќе завршат во 4 фирми, од кој 4,5 милиони евра ќе заработи ХСЕ МАК Енерџи, а 3,8 милиони Ген И Продажба на Енергија.
Струја мора да се набавува поради затекнатата кастарофална состојба на домашните капацитети, велат од ЕСМ. Хидропотенцијалите работат со 13% од акумулираната енергија, што е далеку под просекот за овој период од годината.
Внимателно се следи состојбата и потребите од набавка ќе се прилагодуваат во зависност од сопствениот располжлив производствен капацитет. РЕК Битола работи со само 2 блока, првиот ќе биде вклучуван периодично, односно во декември, јануари и февруари, затоа што ремонтот не е завршен. Него требаше да го направи претходното раководство уште во март годинава, додаваат од ЕСМ.
Инаку, во моментов се чека и новата понуда од ЕСМ за цената на произведен мегават. Ќе ја достават до Регулаторна за десетина дена, по што, по пресметките ќе се знае дали и колку ќе плаќаме повисоки сметки од 1 јануари. Премиерот Мицкоски веќе најави дека и покрај ваквите милионски набавки, големо поскапување не очекува. Ако има, ќе биде најмногу до 3 отсто.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар