Турчинот осомничен за силување на скопјанка е истиот кој беше условно осуден пред три месеци
Турчинот на кого МВР вчера му поднесе кривична пријава за силување е Сонер Арслан, пренесува „Макфакс“. Станува збор за манијакот кој беше гонет дека се самозадоволувал пред девојчиња и жени во автобуси и пред влезови на згради. За ова, пред три месеци беше осуден на условна казна.
Силувањето, според полицијата, го сторил во декември минатата година, а откриен е преку ДНК анализа. Според извори во истрагата, неговата ДНК била најдена на маицата од девојчето на возраст од 24-години. Ја допирал по телото, по што се самозадоволил, а траги од семената течност имало и на нејзината облека.
Скопјанката не е негова прва жртва. Претходно, пет други девојчиња беа оштетени во постапката што се водеше против него. Најмладата имаше 19 години. На рочиштето, на кое призна вина, Арслан, кој е роден во Турција, ветуваше дека нема да го повтори делото и бараше поблага казна.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?