Тупанчески на средба со директорите на затворите
Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со сите директори на затворите, на која беше констатирано дека најголеми проблеми во затворите се преоптовареност, немање соодветна здравствена заштита за осудените лица, недостаток на соодветен кадар.
Како што соопштија од Министерството за правда, договорено е веднаш да се отпочне со решавање на наталожените проблеми кои со години се провлекуваат.
-Ќе се интервенира и во Законот за извршување на санкции со цел да се подобрат условите на вработените во затворите. Комуникацијата со директорите на затворите ќе се интензивира во насока на создавање подобри услови за осудените лица и спречување на девијантните појави, се наведува во соопштението на Министерството.
Оттаму посочуваат дека во наредниот период министерот Тупанчески ќе ги посети затворите со цел лично да се запознае со состојбите.
На средбата присуствуваше и директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски.
Ново на Сител
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не се заборава штетата што ја нанесе СДСМ
-
Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го стави Коце Трајановски да располага со 600 милиони евра
-
Подготвен сум да разговарам за предлогот за распуштање на Судскиот совет и на Советот за јавни обвинители, вели Мицкоски
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело