Македонија
14. September 2017 - 9:46

Трпчески резидентен артист во лондонски „Вигмор хол“

Македонскиот пијанист Симон Трпчески во новата сезона 2017/2018 година ќе биде резидентен артист на лондонски „Вигмор Хол“.

Првиот од серијата од три концерти со различна програма во текот на сезоната е утревечер и ќе ја означи соработката на Трпчески со еден од водечките светски виолончелисти Даниел Милер-Шот.

Македонскиот пијанист, кој досега повеќе од десeтина пати има настапувано на оваа сцена, во јануари наредната година на престижната лондонска сцена ќе го донесе хит-проектот на Трпчески и пријателите МАКЕДОНИСИМО, инспириран од македонскиот фолклор и посветен на македонскиот народ. Овој циклус во британската престолнина нашиот пијанист ќе го заокружи со самостоен рецитал во мај.

Трпчески веќе е потписник на две компакт-диск изданија снимени од настапите во живо во „Вигмор Хол“.