80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
80 години е доволно долг период да констатираме што направивме, каде сме денес и што треба да направиме за да стигнеме до определената цел порача премиерот на одбележувањето на АСНОМ и 13 ноември. АСНОМ е неизбришливиот жиг на Македонската борба и најсветлиот доказ дека македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви. Премиерот се осврна и на актуелните состојби и рече дека мора да се најде начин како сите порази од изминатите 7 години да се избалансираат. За да бидеме победници треба да сме обединети а за таа цел како Влада нема да ги повторуваме грешките од минатото рече во обраќањето Мицкоски.
- Од она што го затекнав како прв човек на влада нема да зборувам за катаклизмата но можам да заклучам дека и покрај многуте премрежја како да не сме извлекле поука и сме продолжиле да ги повторуваме грешките. Да не ги повторуваме бидејќи за жал идните генерации може нема да имаат можност да го живеат ова а тоа независна македонска држава. Само со силна еконмија, демографија силна развојна држава и одбрана на она што е изгубено на маса изминативе 7 години. ...
На научниот собир насловен Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот се обрати и првиот човек на МАНУ кој порача дека АСНОМ е темел на современата македонска држава која го потврди тоа пред 3 децении кога се осамостои. Академик Попов се осврна и на евроинтеграциите и скептицизмот кој е резултат на лошите политики во минатото.
Потребна е самопочит за и другите да не почитуваат порача директорот на институтот за историја. Обраќање имаа и директорката на државниот архив и ректорката на УКИМ.
Покровител на одбележувањето е премиерот Христијан Мицкоски а во музејот на ВМРО е поставена изложба од клучните моменти и историски настани кои го одбележуваат периодот од второто заседание на АСНОМ до денес. Говорниците се осврнаа и на антифашистичката борба за ослободување на Скопје.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар