Тројца тешко повредени во сообраќајки викендов

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 34 сообраќајни незгоди од кои во две со потешки повреди се здобиле неколку лица, во 17 полесно се повредени 10 лица, а 16 поминале само со материјална штета.
Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 15 сообраќајни незгоди од кои шест се со телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле осум лица, а девет се со последица материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив една незгода е со последица тешка телесна повреда, шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица, а четири се со материјална штета.
Вчера е извршен увид на пет сообраќајни незгоди, од кои во пет незгоди со полесни повреди се здобило едно лице, а три се со последица материјална штета.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 44 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 31 возач го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 12 возачи поминале на црвено светло на семафор и седум возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Санкционирани се и осум возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 129 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
-

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
