Тројца работници на Црвениот крст загинаа во руско гранатирање во источна Украина
Во руското гранатирање денеска загинаа тројца Украинци кои работеле за Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), а други двајца се ранети во едно село во регионот на Доњецк, објавија бриотанските медиуми, повикувајќи се на украинските власти.
-Уште едно руско воено злосторство. Денеска окупаторот нападна возила на хуманитарна мисија на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во регионот на Доњецк, напиша претседателот Володимир Зеленски во објава на „Х“.
Селото Вирољувка е гранатирано, напиша шефот на локалната администрација Вадим Филашкин во публикација на „Телеграм“ во која известува за жртвите.
Украинското државно обвинителство на „Телеграм“ напиша дека вработените во МКЦК им доставувале брикети на локалните жители за да имаат греење пред зимата. Тие истоварувале помош кога почнал нападот, објаснуваат од обвинителството.
Двајца вработени се хоспитализирани, а еден од нив е во тешка состојба, соопшти обвинителството.
Регионот Доњецк, кој е делумно окупиран од руски трупи, редовно е под руско гранатирање и воздушни напади. Москва негира дека таргетирала цивили или цивилна инфраструктура, иако во нејзините напади во Украина досега загинаа илјадници луѓе, наведуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата