Македонија
2. August 2024 - 8:17

Тројца повредени во сообраќајка на три возила во Скопје

Три лица се повредени во сообраќајна нсреќа што се случи синоќа во Скопската населба Автокоманда во која учествувале три патнички возила.

-На бул Александар Македонски во Скопје случена е сообраќајна незгода во која учествувале три возила од која незгода има три повредени лица. Дел од повредените се префрлени во болница, информираат за МИА од МВР.