-->
-->
Тројца малолетници запалиле пиротехнички средства и го предизвикале пожарот кај Расадник
-->
На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност", предвидено и казниво по член 288 од КЗ. Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 03.09.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина од околу три хектари.
Со брзата реакција на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со други служби, пожарот е локализиран и спречено е настанување на штета од големи размери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку осум загинати во поплавите во Европа
-
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
-
Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени
-
КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември
-
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР
-
Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките
-
Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Собранието
-
Идентификуван напаѓачот на Трамп, инцидентот се истражува како „обид за убиство“