Балкан
21. March 2016 - 12:34

Тројца Бугари уапсени за обид за кражба на податоци од банкомат во Турција

Тројца бугарски државјани, меѓу кои и една жена, се приведени во турскиот град Сомалија во округот Маниса, откако на банкомат поставиле уред за копирање на податоци од банкарски картички, пренесува БТА.

Осомничените го поставиле уредот на банкоматот пред три дена. 

Полицијата успеала да ги идентификува осомничените откако биле снимени од безбедносните камери. 

Денеска трите лица биле забележани во кафуле спроти банкоматот, откако поворно го поставиле уредот на апаратот.

Бугарите биле уапсени и предадени на суд, кој им одредил мерка притвор.