Македонија
27. March 2019 - 14:54

Трибина за превенција од пожари во Македонска Каменица

Како резултат на зголемената појава на пожари денеска во Македонска Каменица се одржа вонреден состанок на координативниот штаб за управување со кризи на кој се разговараше за превенцијата и заштита од пожари на отворен простор. Целта на овие трибини како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, е населението да се запознае со опасностите кои се јавуваат како резултат на настанувањето на пожар на отворен простор.
 
-На трибината учество зедоа претставници на институциите кои се најмногу засегнати од пожарите на отворен простор. Посебен акцент на овие трибини е укажувањето дека во случај на појава на пожар на отворен простор треба да проработи совеста и разумот кај секој од нас и граѓанска должност на секој од нас е да учествува во гаснењето пожар, бидејки во тој момент сите сме повикани во акцијата за гасење на пожар на отворен простор, со цел штетите од пожарот да бидат што помали, бидејки пожар без штети не постои. Она што може да изгори за неколу часа, не може да се обнови за неколку десетици години, а со тоа ја уништуваме и ја загадуваме животната средина, истакна Стаменкова.
 
На трибината свое учество зедоа инспекторот за превенции од Полициското одделение, претставници на Шумска полиција, Шумско стопанство, Гранична полиција, ЦУК, ЈП ,,Камена Река” и претставници од општина Македонска Каменица. Трибините се организирани и планирани по однапред утврден распоред за одржување со посредство на претседателите на месните заедници од сите селски средини. Во изминатиот период трибини за превенција беа одржани во месните зедници Каменица, Моштица, Тодоровци, Саса, Костин Дол и Дулица додека во текот на наредните денови, вакви трибини во наредниот период ќе бидат одржани и во Луковица, Саса 2, Косевица и Цера 1 и 2.