Трибина “Современ систем на цивилна заштита“
“Безрезервно поддржувајќи го одржувањето на овој денешен настан - научно стручната трибина насловена како “Современ систем на цивилна заштита“ - сакам да нагласам дека само преку конкретната партиципација на стручните и експертски капацитети, преку нивно практично инволвирање во процесите на предлагање и носење решенија, можеме да бидеме сигурни дека дадените одговори се квалитетни, општествено полезни, долгорочно-исплатливи. Односно, дека тие се она вистинското што ни е потребно, независно за кој проблемски сегмент станува збор“.
Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно воведно обраќање на научно стручната трибина “Современ систем за цивилна заштита“, што по повод Меѓународниот ден на цивилната заштита, а во организација на Дирекцијата за заштита и спасување и Филозофскиот факултет при УКИМ се одржа во Скопје.
Министерот Спасовски нагласи дека системот за цивилна заштита, односно неговиот квалитет и ефикасност во кој и да е поглед: стручен, организационен, стратешки, кадровски, технички и друго, не е сегмент од маргинално значење, туку напротив. „Примарна задача на секој институционално уреден систем е да изгради и да сообрази систем, кој ќе превенира, делува, санира сведувајќи ги така можните и опасни последици на минимум, особено кога станува збор за природните катастрофи“, потенцираше Спасовски.
Инаку трибината на која што учествуваа експерти од повеќе државни и образовни институции беше поделена на три тематски дела - “Цивилната заштита и образованието низ призмата на регионалните и современи искуства; намалувањето на ризиците од катастрофи и отпорност на заедницата кон катастрофи; и заштита на критичната инфраструктура.
Ново на Сител
-
Ведро и студено, преку денот сончево
-
Сосстојба на патишта
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош