-->
-->
Три средби пауза за Диего Коста
-->

Напаѓачот на Челзи Диего Коста е суспендиран на три натпревари поради насилничкото однесување на натпреварот со Арсенал, кој се одигра во саботата, а на кој ‘сините’ победија со 2:0.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), соопшти дека по прегледувањето на снимката решила да го казни Диего Коста.
Бразилецот со шпански пасош не доби црвен картон откако го удри Лоран Кошчелни, а по вербалниот судир со Габриел Паулиста доби само жолт картон, подоцна играчот на Арсенал наседна на неговата провокација по што беше исклучен.
„Фудбалската асоцијација на Англија го казни Диего Коста поради насилничкото однесување кое судијата на натпреварот не го забележа. Поради тоа напаѓачот на Челзи ќе ја одбработи стандардната суспензија од три натпревари“, стои во соопштението на ФА.
Претходно ФА објави дека му го укинува црвениот картон кој го доби Габриел Паулиста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
