За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
За првпат откако е во функција системот „Безбеден град“, во дневниот билтен на МВР не е евидентиран ниту еден прекршок за минување на црвено светло. Иако вчера биле регистрирани стотици прекршоци, овој податок претставува редок позитивен сигнал во сообраќајната статистика.
Но, сепак за грешните одлуки вчера, паричниците ќе ги олеснат 526 возачи. Најголемиот дел од нив, поточно 504 лица возеле побрзо од дозволеното. Камерите уловиле и 22 лица кои управувале возило со истечена дозвола. А пак 17 лица добиле забрана за управување возило. Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи.
Голем дел од граѓаните со позитивна оценка за Сејф сити. Велат се чувствуваат побезбедно, но нервозите се поголеми бидејќи некои возат со значително мала брзина и дополнително создаваат гужва во сообраќајот.
Состојбите се подобруваат, оценуваат експертите. Помалку се дивее по улиците, но предупредуваат дека системот има недостатоци.
Познавачите додаваат дека граѓаните треба да знаат каде им одат парите од казните.
Најавениот смарт зелениот бран очекуваат да ги реши проблемите низ најпрометните скопски раскрсници, но мора да се работи и на едукација на сообраќајката култура кај граѓаните.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
