Бизнис
27. January 2016 - 16:40

Три нови линии од Скопје

Три нови авиолинии од скопскиот аеродорм. Од март годинава македонските патници со Визер два пати неделно ќе летаат за Братислава, Копенхаген и Берлин. Билетите се веќе во продажба со цени од 24 евра нагоре. Новите линии се добра можност макеоднските граѓани да ги посетат познатите европски метрополи, порача министерот за транспорт.

Со Визер летаат два милиони патници од двата аеродроми во земјава. Компанијата ослужува нискобуџетски линии до 24 дестинации, што е поврзување со 11 држави.

-Визер  го реализираше првиот лет од Скопје во јуни 2011 година, а во октомври 2012 воспостави база во Скопје, а сега функционира со три воздухоплови и 84 вработени со седиште во главниот град. Од јуни лани почна со летови и од охридскиот аеродром. Има 49,2 проценти пазарен удел на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, рече Габор Вашареј, менаџер за комуникации во Визер.

Во изминатиов период со субвенционирање на нискобуџетските авиокомпании се подобри состојбата во авиосообраќајот. Лани бројот на патници на двата аеродрми се зголеми за 22 отсто, а годинава  ќе се воведат уште 20 нови  авиолинии.

Од мај повторно ќе се лета од и од Скопје до Прага.