Три лица под истрага, едно во бегство за пукањето во Чаир

Три лица се лишени од слобода и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а едно лице е во бегство во врска со пукањето што се случи пред два дена на паркинг позади маркет во Чаир.
- Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда, се наведува во соопштението од ЈОРМ.
Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка доставил и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните исправи, како и забрана да му се приближуваат на оштетениот.
Повреден во пукањето беше економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
