Три лица обвинети за насилство во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против три лица за сторено кривично дело насилство коешто се случило на паркинг зад маркет во Чаир.
Како што информира обвинителството, обвинетите на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркет во Чаир, во група извршиле грубо насилство врз едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв.
„Тие му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. За сите тројца на сила се мерки на претпазливост определени со решение на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје: забрана за напуштање на престојувалиште, повремено јавување кај службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и забрана за напуштање на државата, како и забрана за приближување и одржување каков било контакт со оштетениот.
На критичниот ден, од страна на непознато лице кое било заедно со обвинетите, на оштетениот му била нанесена и огнострелна повреда во десната потколеница, но сторителот не е идентификуван. Во текот на кривичната постапка Министерството за внатрешни работи лиши од слобода едно лице како евентуален сторител на кривичното дело. Во присуство на јавен обвинител, согласно Законот за кривична постапка, беше извршено препознавање, но оштетениот не го препозна тоа лице како лицето кое му ја нанело повредата со огнено оружје. Доколку МВР, како овластен орган за утврдување на идентитетот на сторителите на кривични дела, го утврди идентитетот на лицето кое пукало во оштетениот, Основното јавно обвинителство Скопје ќе отвори постапка и против тоа лице”, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
