Три кривични пријави за издавачи на сместувачки објекти поради измами со ваучерите за туризам
Пазарната инспекција минатата недела поднела три кривични пријави поради измами со ваучерите за туризам. Станува збор за три објекти, две во Охрид – Градиште 1 и Градиште 2, и еден во Струга, но има неколку сомнителни случаи кои дополнително ќе се проверуваат. Од Пазарниот инспекторат најавуваат засилување на инспециските надзори во текот на оваа недела.
Лицето на чие име гласи ваучерот мора да биде присутно во сместувачкиот објект и да биде заверено во книгата на гости. Меѓутоа, пазарните инспектори не можат да ги идентификуваат гостите за да докажат дали навистина тоа лице е сместено во објектот или прилежена е само копија од неговата лична карта.
До денеска, искористени се 7013 ваучери, најголем дел во Охрид и во Струга. Досега издадени се над 95.000 ваучери.
Повеќе информации во врска со оваа тема во вестите во 16 часот.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Сончево време и утре, од задутре дожд и снег
-
Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров
-
На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години
-
Тошковски ги посетил полициските службеници кои биле дежурни за време на новогодишната ноќ
-
Женско е првото бебе родено годинава во Кавадарци
-
Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот во Албанија
-
Официјално отворање на скијачкиот центар „Михајлово“
-
Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген