-->
-->
Три деца и двајца возрасни, загинаа од струен удар во базен за пливање
-->

Три деца и двајца возрасни, загинаа од струен удар во базен за пливање во северозападна Турција, јавуваат локалните медиуми.
Инцидентот се случил во еден забавен парк на вода, во градот Акиази, одалечен 100 километри источно од Истанбул.
Директорот на паркот, а потоа и неговиот син, се фрлиле во водата на базенот за да им помогнат на децата, за кои мислеле дека се дават, но и тие настрадале од струјниот удар на електрифицираната вода.
Весникот „Хуриет„ пишува дека децата и двајцата возрасни биле итно префрлени во болница, но таму само ја констатирале нивната смрт.
Децата биле на возраст меѓу 12 и 17 години. Весникот јавува дека едно лице било повредено во инцидентот. Полицијата отвори истрага за случајот.
Засега не е јасно како дошло до електрифицирање на водата во базенот, што го предизвика загинувањето на пет лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Над 20 осомничени
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Мицкоски: Само 12 ноќни клубови легално работат во државата, се ќе затвориме
-
Расте бројот на повредени во дискотеката во Кочани кои се хоспитализираат
-
Во 9 странски држави хоспитализирани повредени од пожарот во Кочани