Свет
6. September 2018 - 22:56

Тревога на Крим: Евакуирани илјадници луѓе поради хемиско загадување, четворица пренесени во болница

Неколку илјади луѓе, меѓу кои и многу деца се евакуирани, а четири лица се хоспитализирани на сецерот од Крим поради еколошка катастрофа на тој црноморски полуостров кој го припои Русија.

Вкупно 3.986 лица се евакуирани во вторникот и средата од градот Армјанск, на северот на Крим, соопштија локалните власти. Заменик министерот за здравство Валентин Шевченко изјави дека четири лица се пренесени во болница и додаде дека 54 лекарски се згрижени во домашни услови.

Според наводите на тамошните, индустриското загадување го предизвикала хемиската фабрика „Кримски Титан“ во Армјанск во ноќта меѓи 23 и 24 август.

Веднаш следниот ден многу граѓани на социјалните мрежи се жалеле за необично кашлање и иритација на очите.

И покрај алармантите пораки, локалните власти наложија евакуација дури во вторникот, и тоа по собирот од околу 300 лица пред општината Армјанск. Фабриката е изградена 1971 година и произведвуа татаниум диоксид кој се користи во хемиската индустрија.

Тоа здание го користи вештачкото езеро за разблажување на сумпорната киселина. Бидејќи Коев го затвори каналот за водоснабдување на Крим, нивото на тоа езеро опадна со што тоа подрачје е повеќе изложено на хемиски отпад.