Третина од домаќинствата во Македонија немаат автомобил
Бројот на автомобили во Македонија е во постојан раст, но сепак повеќе од една третина од домаќинствата во Македонија не поседувале патнички автомобил во 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според извештајот на ДЗС за снабденост на домаќинствата со трајни потрошни добра во периодот 2015 - 2017 година, патнички автомобил имале 59.6 проценти од сите семејства.
Во Македонија бројот на автомобили е во постојан раст и од 383.833 во 2015 година достигнува вкупно 403.316 регистрирани автомобили во 2017 година, покажуваат податоците од МАКСтат.
Во периодот 2015-2017 година, процентот на семејства кои поседуваат патнички автомобил, исто така, е во постојан раст. Од 56,5 проценти во 2015 и 59,4 во 2016, на 59,6 отсто во 2017.
Бројот на нови моторни возила, односно гледано по прва регистрација се намалува, па така во 2017 година бројот на патнички автомобили со прва регистрација изнесува 26.609 возила, што споредено со 2016 година е намалување за околу четири илјади, кога биле регистрирани 30.423 нови возила.
Податоците на Народната банка на Македонија за кредитирањето во Македонија во јули годинава покажуваат продолжување на надолниот тренд кај автомобилските кредити. На месечно ниво се одобрени за 0,9 проценти помалку кредити за автомобили, а на годишнбо ниво за 10,8 проценти.
Податоците од МАКСтат базата покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила во Македонија е зголемена од 18,4 години во 2016 на 18,7 години во 2017 година, додека во истиот период и бројот на автомобили е зголемен за осум илјади од 395 илјади во 2016 на 403 илјади во 2017 година.
Македонија со 190 возила на 1.000 жители останува далеку под просекот во ЕУ, каде на 1.000 жители има 505 возила, покажуваат податоците на Еуростат. Истовремено, Македонија во 2016 година има вкупно 259 километри автопат и 14.167 километри други патишта. За споредба Словенија со 531 возило на 1.000 жители и со речиси иста територија како нашата држава, во 2016 година има вкупно 773 километри автопати
Ново на Сител
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
-
ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците