Македонија
3. March 2016 - 14:36

Трета изложба на макети и диорами

Третата изложба на макети и диорами, организирана од Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски - Микс“ вечер ќе биде отворена во Домот на АРМ во Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени макети од борбени воздухоплови и оклопни возила, а посетителите ќе може да се информираат повеќе за макетите и начинот на нивната изработка. На изложбата ќе има гости од макетарскиот клуб „Олуј“ од Белград, макетарскиот клуб „Скејл модел клуб Бугарија” и макетарскиот клуб „Наредник Михајло Петровиќ“ од Ниш.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 6 март во периодот од 12 до 21 часот.

Основна цел на првиот макетарски клуб во Република Македонија е промоција на макетарското хоби, како и подигнување на техничката култура.