-->
-->
Трета изложба на макети и диорами
-->

Третата изложба на макети и диорами, организирана од Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски - Микс“ вечер ќе биде отворена во Домот на АРМ во Скопје.
На изложбата ќе бидат претставени макети од борбени воздухоплови и оклопни возила, а посетителите ќе може да се информираат повеќе за макетите и начинот на нивната изработка. На изложбата ќе има гости од макетарскиот клуб „Олуј“ од Белград, макетарскиот клуб „Скејл модел клуб Бугарија” и макетарскиот клуб „Наредник Михајло Петровиќ“ од Ниш.
Изложбата ќе биде отворена за посетители до 6 март во периодот од 12 до 21 часот.
Основна цел на првиот макетарски клуб во Република Македонија е промоција на макетарското хоби, како и подигнување на техничката култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
