Македонија
18. January 2025 - 16:42
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
Уникатното одбележување на верските празници Богојавление – Водици и Свети Јован Крстител кој во Охрид се слави и како Ден на рибарите привлекуваат домашни и странски туристи.Хотелиерите и угостителите и оваа година со намалени цени на аранжманите и примамлива понуда на услугите придонесуваат Охрид да биде атрактивна дестинација надвор од летната сезона.
За празниците во градот ќе има богата музичка програма како на градскито плоштад така и во угостителските објекти.
Илјадници туристи се очекува да присуствуваат на фрлањето на Светиот крст во водите на Охридското езеро.
Инаку во духот на христијанската вера и обичаите во пресрет на празникот декорирани се пристаништето, чаршијата и централното градско подрачје.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->