Трамп смета дека е предоцна за уште едно телевизиско соочување со Харис
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во саботата го отфрли предлогот за нова телевизиска дебата со неговата демократска противкандидатка Камала Харис.
„Проблемот со втора дебата е што е доцна. Гласањето веќе започна“, рече поранешниот претседател во текот на предизборниот митинг во сојузната држава Северна Каролина, алудирајќи на почетокот на предвременото гласање во некои сојузни американски држави.
Кампањата на американската потпретседателка Харис објави дека демократската кандидатка ја прифатила поканата на телевизијата CNN да учествува на дебатата на 23-ти октомври.
„Потпретседателката Харис е подготвена повторно да се соочи со Доналд Трамп на сцената и таа ја прифати поканата на CNN за дебата на 23-ти октомври. Доналд Трамп не би требало да има проблем да ја прифати таа дебата“, напиша нејзиниот тим од кампањата во соопштението.
Харис и Трамп ја одржаа својата прва теелвизиска дебата на 10-ти септември, а анкетите во мејнстрим медиумите кои вообичаено ги поддржуваат демократите покажаа дека таа победила, додека некои други истражувања му дадода предност на Трамп.
Потоа, Трамп рече дека нема да учествува во уште една дебата со Харис пред изборите на 5-ти ноември.
„Нема да има трета дебата“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Тој веќе учествуваше во дебата против претседателот Џо Бајден во јуни, која беше најдеиректната прочина Демократската партија да изврши притосок врз актелниот претседател да се повлече од трката за втор мандат.
Ново на Сител
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање