Loading Video...
Свет
11. November 2024 - 12:21

Преглед на вестите од светот

Веста за телефонскиот разговор меѓу новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и русикиот претседател Владимир Путин во текот на денешниот ден беше демантирана од страна на портпаролопт на Кремаљ, Дмитриј Песков дека имало телефонски разговор Трамп – Путин.

Џо Бајден ќе се сретне со Трамп во Белата куќа в среда и главната порака што ќе му ја пренесе ќе биде да не се откажува од Украина.

Од почетокот на војната, САД обезбедија воена и економска помош за Украина вредна десетици милијарди долари, што беше критикувано од Трамп и други водечки републиканци.

 

Украинските власти утрово објавија предупредувања за воздушен напад во поголемиот дел од земјата, откако воздухопловните сили на Киев потврдија за полетување на руски бомбардери.

 

Повеќе од 100 светски лидери најавија учество на 29. Конференција на Обединетите Нации за климатски промени, COP29 што денеска почнува во главниот град на Азербејџан Баку и ќе трае од 11 до 22 ноември. Но, претседателот на САД во заминување Џо Бајден, Французинот Емануел Макрон, Бразилецот Луис Инасио Лула да Силва и Кинескиот Кси Џинпинг се меѓу оние кои ќе го прескокнат. Ќе отсуствува и шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Русија наместо претседателот Владимир Путин ќе ја претставува премиерот Михаил Мишустин.

 

COP29 се преклопува на самитот на Г20 во Бразил, каде што ќе се разговара и за климатските прашања. На 14 ноември, Азербејџан ќе го објави износот на средствата што ќе ги одвои за зелени проекти до 2030 година.

Железничката станица Квета, во пакистанскиот Балучистан, ќе остане затворена најмалку четири дена за време на истрагата за експлозијата во која загинаа 24 лица во саботата изјавија локалните власти.  Квета е главен град на покраината Балучистан, која се бори со напливот на штрајкови на сепаратистичките етнички милитанти што предизвика загриженост за безбедноста на проектите кои имаат за цел развој на неискористените минерални ресурси на покраината.

Ослободителната војска на Балузи, сепаратистичка милитантна група, ја презеде одговорноста за нападот во изјава испратена по е-пошта до Ројтерс.

БЛА бара независност за провинцијата со околу 15 милиони жители која граничи со Авганистан на север и со Иран на запад. БЛА е најголемата од неколкуте етнички бунтовнички групи кои се борат со владата, велејќи дека неправедно ги искористува богатите гасни и минерални ресурси во покраината.