Трамп следната година ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун
Потпретседателот на САД Мајк Пенс соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп планира следната година да се сретне со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.
Пенс истакна дека Трамп следниот пат нема да ги повтори минатите грешки и да дозволи Ким да не ги исполни ветувањата за ставање крај на неговите програми за оружје.
САД и Северна Кореја по средбата во јуни во Сингапур разговараат за организирање втор самит. Целта е на него да се постават темелите за ставање крај на нуклеарното несогласување меѓу двете земји.
– Се работи на тие планови. Сметаме дека самитот најверојатно ќе се одржи по 1 јануари, но уште не е прецизирано кога и каде, изјави Пенс по средбата во Сингапур со јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин. Тие разговараа на маргините на форумот на земјите од Азија и Тихиот Океан.
– Не сакаме да ги повторуваме грешките на претходните администрации, искрено, кои ги дозволија и двете политички партии во последните неколку децении, кога биле давани ветувања, биле укинувани санкции, била давана економска поддршка, а потоа ветувањата биле прекршени, рече американскиот потпретседател.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавниот обвинител дава отчет пред пратениците за работата во 2023
-
Енергетиката и инфраструктурата во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје
-
Мицкоски ќе испрати писмо со институциите на ЕУ, Филипче бара затворена собраниска седница
-
Блерим Беџет: Коалицијата на ДУИ е стабилна - Арбен Таравари: ДУИ треба да се адаптира и реформира
-
Истражување на ЕПИ: Надворешната политика е важна за граѓаните, но тие не се доволно информирани
-
ДСЗИ и стручна комисија го испитуваат случајот со смртта на 14 – месечното дете на Детската клиника