Трамп: Сиетл е преземен од терористи
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер објави дека Сиетл, каде родолжуваат протестите поради расната дискриминација и полициска бруталност, е преземен од терористи.
– Локалните терористи го презедоа Сиетл, кои, се разбира, се контролирани од радикалните левичарски демократи, напиша Трамп на Твитер и побара воспоставување на закон и ред.
Тој упати и критика до „радикалната левичарска“ локална власт пoради нивното справување со демонстрациите и ги повика гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли и градоначалничката на Сиетл, Џени Деркан да воспостават контрола.
– Вратете си го градот СЕГА. Ако вие тоа не го направите, ќе го направам јас. Ова не е игра. Тие ужасни анархисти треба да бидат запрени ВЕДНАШ. РЕАГИРАЈТЕ БРЗО, напиша Трамп на Твитер.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење