Трамп: Се радувам на средба со Ким

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун сака повторно да се сретне со него заради започнување нуклеарни разговори, откако ќе завршат заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.
Трамп на Твитер изнесе повеќе детали од „преубавото“ писмо на три страни што Ким му го испрати завчера.
Трамп, кој е на одмор во неговиот голф-клуб во Њу Џерси, вели дека Ким се пожалил на „смешните и скапи воени вежби“, кои Пјонгјанг ги гледа како закана.
Американскиот претседател вели дека Ким се извинил за неодамнешните ракетни тестови и го уверил дека тестовите ќе бидат стопирани кога ќе завршат вежбите.
– Се радувам што ќе го видам Ким во не толку далечна иднина, напиша Трамп на Твитер.
Северна Кореја вчера испука две балистички ракети со краток дострел, што е петто тестирање во последните три недели.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
