Трамп: Русија и други земји се мешале во изборите во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имало мешање на Русија и веројатно и други земји во американските избори во 2016 година, како и дека Вашингтон ќе го спречи секој обид за мешање во овогодишните избори за Конгресот на САД.
- Па, Русите немаа никакво влијание на нашите гласови, но сигурно имало мешање и веројатно и други земји и можеби поединци исто така се мешале, изјави Трамп на заедничка прес конференција со шведскиот премиер Стефан Левен.
- Ние изготвуваме многу длабока студија и ќе излеземе со некои многу силни сугестии во врска со овогодишните избори... Ќе се спротиставиме на што и да прават и тоа многу цврсто, изјави Трамп.
Трамп додаде дека за овогодишните избори, државите треба да предвидат резервни опции за гласање со хартиени гласачки ливчиња. – Тоа е старомодно, но секогаш врши работа, рече тој.
Стефан Левен изјави дека шведската разузнавачка служба напорно работи на заштита на изборниот систем на Шведска и ја попречува странската пропаганда.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година