Трамп потврди: САД не инсистираат на решението „две држави“ за израелско-палестинскиот конфликт
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД повеќе не инсистираат на решението за постоењето на две држави, една покрај друга, како решение за повеќе деценискиот израелско-палестинскиот конфликт.
Според Трамп, официјален Вашингтон сега инсистира, мирот да се обезбеди низ директни преговори на Израелците и Палестинците, во кои двете страни би требало да направат отстапки и компромис и да најдат решение за живот во две, или во една држава.
Американските медиуми забележуваат дека ова е значително отстапување од досегашната позиција што ја бранеа неколку демократски и републикански администрации.
Промовирањето на новата позиција на САД за неколкудеценискиот спор на Блискиот Исток беше извршена во текот на официјалната посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон, која се случува по осумгодишните „повеќе студени и резервирани“ отколку искрени и срдечни односи на Нетанјаху со претходниот претседател Барак Обама.
Трамп уште во својата предизборна кампања најавуваше промени во политиката на САД и ја критикуваше претходната американска администрација што не го заштитува Израел, означувајќи го како „вистински сојузник“.
Тоа беше особено истакнато откако, пред заминувањето на администрацијата на Обама, САД не ставија вето во Советот за безбедност за резолуцијата на ОН за осуда на градењето еврејски населби на „окупираните“ територии, на кои според проектот за „две држави“ треба да се наоѓа идната палестинската држава.
Медиумите во САД потсетуваат дека Трамп, овојпат, воопшто не го споменал создавањето палестинска држава, што Вашингтон досега редовно го истакнуваше во вакви прилики.
Решението „две држави“ го поддржуваат ОН, Арапската Лига, ЕУ, Русија, како и претходните администрации во Вашингтон, а тоа значи формирање палестинска држава на териториите на Западниот Браг, Појасот Газа и источен Ерусалим. Оваа држава би постоела покрај Израел со кого Палестинците би живеела во мирно соседство.
Сите овие територии, меѓутоа, заедно со Голоанската висорамнина, од после јунската војна во 1967 година, се наоѓаат под контрола на Израел, а меѓународната јавност ги третира како окупирани.
Територијата на Газа, од која Израелците се повлекоа, е управувана од милитантната палестинска исламистичка организација Хамас. На Западниот Брег и во источен Ерусалим, што Палестинците го планираат за свој главен град, во изминатите безмалку 50 години, Израел има изградено над 140 населби во кои живеат повеќе од 600 илјади Евреи.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори