Трамп потпиша извршна наредба затворот Гвантанамо да остане отворен
- Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нова извршна наредба со која ја објави неговата намера да го остави отворен американскиот воен затвор во базата Гвантанамо на Куба, соопшти Белата куќа.
Трамп уште за време на претседателската кампања во 2016 година јасно кажа дека сака Гвантанамо да остане отворен и „да го пополни со некои лоши типови", но пораката на Белата куќа, токму пред првото негово обраќање „За состојбата на Унијата“, официјално означи пресврт по осумгодишната политика на неговиот претходник Барак Обама за затворање на затворот.
Во претседателскиот декрет се наведува дека САД ја задржуваат опцијата да задржат дополнителни непријателски борци во Гвантанамо кога е потребно.
Тој го задолжи секретарот за одбрана да препорача критериуми за решавање на судбината на лицата кои САД ги уапсила при вооружени конфликти, вклучувајќи и нивно испраќање во Гвантанамо.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради