Трамп: Не е време за разговори со Пјонгјанг
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со британскиот и австралискиот премиер и кинескиот претседател изјави дека не е време за разговори со Северна Кореја, како и дека сите опции се отворени за одбрана на САД и нејзините сојузници, соопшти Белата куќа.
Трамп и британската премиерка Тереза Меј се согласија да продолжат да работат на дипломатски и економски притисок врз Пјонгјанг, додека со австралискиот премиер Малком Турнбул разговорот бил насочен кон денуклеаризација на Северна Кореја.
- Кина е фокусирана на решавање на нуклеарното прашање на Корејскиот Полуостров по пат на разговори и мирни средства, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во разговорот со Трамп.
Северна Кореја на трети септември ја изврши шестата и најсилна нуклеарна проба, детонирајќи унапредена хидрогенска бомба за ракета со голем дострел.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола