Трамп: Масакрот во Лас Вегас е „акт на чисто зло“
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека нападот во Лас Вегас, при кој, според, последните податоци, загинаа 50 лица, а најмалку 406 се повредени, претставува „акт на чисто зло“.
Во обраќање од Белата куќа, Трамп нагласи дека земјата е „во жалост, шок и тага“ поради масакрот во Лас Вегас.
Тој ги поздрави напорите на припадниците на полицијата, кои за кусо време го открија напаѓачот, кој се самоуби пред полицијците да упаднат во соба на 32. кат од хотелот „Менделеј Беј“, од каде тој стрелаше врз присутните на музички фестивал во Лас Вегас.
- Брзината со која дејствуваше полицијата е чудесна и тоа спречи натамошни жртви. Ќе и бидеме вечно благодарни за брзината со која беше пронајден напаѓачот набрзо по првите истрели, порача Трамп.
Ново на Сител
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено