Трамп го обвини противкандидатот Тед Круз дека не е „вистински“ Американец
Водечкиот кандидат меѓу американските републиканци за номинација за претседателските избори во САД, Доналд Трамп го обвини противкандидатот Тед Круз, сенатор од Тексас, дека не е „вистински“ Американец, затоа што не е роден на американака територија.
Во последната дебата на шестмина од претендентите за номинација на Републиканската партија, Трамп му порача на Круз дека „голем проблем виси врз неговата глава“ и дека неговиот извод на родените ќе мора да има правна разрешница.
Милијаредерот од Њујорк, кој од јуни води во трката за номинација кај републиканските гласачи, од пред две недели го покренува прашањето за потеклото на Круз, откако обелодени дека тој не е роден во САД, туку во Канада.
Според американскиот Устав, за претседател може да се кандидира и да биде избран само американски државјанин кој е роден во САД.
Круз има американско државјанство, но според крштелницата, роден е во канадскиот град Калгари, од мајка Американка и татко Кубанец.
Во американаската политичка пракса, досега немало правно толкување за тоа дали „вистински“ Американец се станува според местото каде едно лице е родено или според родителите, иако постојат различни толкувања за тоа како точно да се определи уставната формулација.
Круз е главниот противник на Трамп меѓу републиканските претенденти, па милијаредрот смета дека таа работа ќе мора да добие правна разрешница, затоа што демократите ќе го отворат прашањето доколку тој се најде наспроти кандидатот на Демократакста партија.
Во условите за претседателски кандидат стои дека тој треба да биде роден во САД, да има најмалку 35 годиини и да живее во земјата најмалку 14 години.
Во најновата дебата чиј домаќин беше телевизјата Фокс, главни теми беа безбедноста на државата, економијата и надворешната политика..
Испитувањата што ги има направено телевизијата покажуваат дека Трамп и Круз добиле најголема поддршка од гледачите.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами