Свет
13. October 2016 - 10:48

Трамп: Ако Кинтон победи, ИД ќе ја преземе контролата врз САД

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека групата Исламска држава (ИД) ќе ја презеде контролата над САД, доколку неговата противкандидатка од Демократската партија, Хилари Клинтон, биде избрана за претседател. 

Трамп истакна дека борците на ИД „се надеваат и се молат“ Клинтон да влезе во Белата куќа. 

Потоа, како што наведе Трамп, оваа екстремистичка организација „ќе ја преземе контролата врз САД и над тој дел од светот“.