Трајановски: Реконструкција и проширување на „Пластичарска“
Реконструкција и проширување на улицата „Никола Карев“ во Општина Чаир денеска ветија кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Чаир на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски и Нермин Теловска.
- Улицата „Никола Карев“, или популарно наречената „Пластичарска улица“ е тесно сообраќајно грло во Скопје каде се создаваат голем сообраќаен метеж. Со овој проект е предвидено реконструкција и проширување на постојаниот коловоз во должина од 1.200 метри, поточно на потег од клучката кај Бит пазар па се до крстосницата кај амбасадата на САД во Република Македонија. Со реализацијата на овој проект ќе се добие ново сообраќајно решение со четири коловозни ленти, нови пешачки и велосипедски патеки, а ќе се реконструира и атмосферската и фекалната канализација, рече Трајановски.
Тој најави и реконструкција на улиците Македонско-косовска бригада, „Ферид Мурати“, „Лазо Трповски“ како и довршување на реконструкцијата на улицата „Втора Македонска бригада“.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка