Македонија
14. August 2016 - 20:38

ТРАГИЧНА СООБРАЌАЈКА: Уште еден млад живот згасна на патиштата

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.

Вчера околу 18 часот и 30 минути на регионалниот пат Ропотово – Дебреште на местото „Чаир“, се случила страшна несреќа. 29-годишниот Г.Ѓ. од селото Секирци-прилепско, управувајќи возило „БМВ“ со прилепски регистерски ознаки, излетал од патот и се превртел, при што истиот починал на самото место, а сопатникот О.М. со телесни повреди бил пренесен е во болница во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.