Македонија
2. December 2017 - 11:24

Трагедија во Скопје: Прегазени двајца пешаци, помладиот (23) почина на место

Вчера во 18.42 часот во Скопје на ул.„Јадранска магистрала“, патничко моторно возило „Ланд Крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.А.М.(58) од село Орман удрило во пешаците А.Н.(23) од Гостивар и З.А.(68) од село Дебреше, гостиварско.

Истите биле пренесени во Градска општа болница “8-ми Септември“ каде во 19.20 часот од страна на доктор била констатирана смрт кај А.Н. додека кај З.А. се констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.