Трагедија во Нов Белград: Во пожар во повеќекатница најмалку шест жртви
Утринава во 4 часот во пожар на повеќекатница на Нов Белград, по гаснењето на пожарот откриени се шест јагленисани тела, соопштија од српското Министерство за внатрешни работи.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, пожарот кој избил на повеќекатница на булеварот Милтин Миленковиќ на седмиот кат, во стан на едно постаро лице, се проширил и на осмиот и деветиот кат, а пожарникарите успеале да ги евакураат станарите од влезот што горел, како и од соседните влезови.
Неколку лица биле пренесени со брзата помош во Ургентниот центар и ВМА и тие не се животно загрозени. Едно лице има сериозни изгореници по целото тело.
Како што пренесуваат медиумите, можно е да има повеќе од шест жртви, што ќе се утврди по претрага на сите станови.
Пожарот е локализиран и изгаснат, а изгорени се најмалку пет стана. Полицијата ја утврдува причината за пожарот.
Ново на Сител
-
Изложба на Чатмов во Чифте амам
-
СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?
-
Потопло време во наредните денови
-
Од 1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 178 ги направиле пешаците
-
Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција
-
Приведен кумановец, следел и вознемирувал 27-годишна девојка
-
Спасувањето на мечката во Брајчино - драма во планина, храброст на дел
-
Кумановец возел со 1,85 промили алкохол во крвта и удрил во две моторни возила