Трагедија: Се удави жена во Вардар
Женско лице го загуби животот откако паднала во Вардар во Гостивар.
Според првичните информации , телото на жената било извлечено од речното корито во близина на мост до кланицата. Жената била пренесена во гостиварската болница каде извршена реанимација, но обидите на лекарите биле без успех.
Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 10.30 часот и засега нема детали околу идентитетот на жената. Привично е дека таа е на возраст помеѓу 70 и 80 години. За случајот е известен јавен обвинител и наскоро треба да почне увид. Непознато е и како жената се нашла во водата и на кој дел од течението на Вардар паднала.
За еден месец ова е втор случај на давење во Вардар. Претходно тинејџерка го загуби животот со давење, откако падна во водата при обид да се сапаси од напад на куче скитник.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата